Царинска управа: Запленети 12 килограми екстази со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да завршат во државата

Од:

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава. Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против три лица, известува Царинската управа.

„Имено, наркотичната дрога е пронајдена на ден 25.11.2022 во раните утрински часови на влез на граничниот премин Табановце, по извршена царинска контрола со мобилен скенер на патничко возило со странски регистарски таблички управувано од македонски државјанин.

Истиот ден по издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на инспекторите од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје и МВР-ОКП-единици за недозволена трговија со дрога, извршени се претреси на неколку адреси во Скопје и Тетово. Притоа се пронајдени дополнителни докази и се приведени уште две лица.

Царинската управа – Секторот за контрола и истраги денеска до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 3 лица за сторено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни суптанци и прекурсори“ и за истите е предложена мерка притвор од 30 дена“, се вели во соопштението на Царинска управа.

Би можело да ве интересира

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена