Бугарско МНР: Македонија ги крши основните принципи на ЕУ за слободно здружување

Од:

Заменик министерот за надворешни работи и портпарол Костадин Коџобашев на редовен брифинг коментира дека институциите во Скопје не презентирале вистински аргументи за оспорување на регистрацијата на бугарските здруженија. Според него, одлуката е донесена исклучиво со непринципиелно, еднострано и тенденциозно ставање на имињата на здруженијата во искривен историски и идеолошки контекст.

„Длабоко сме вознемирени од последните активности на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во земјата“, рече заменик министерот Коџабашев. Според него, оценките и квалификациите за Иван Михаилов во Северна Македонија не почиваат на обемниот корпус на историски докази за оваа личност и имаат за цел да го зачуваат монополот на намерно и ревизионистичко толкување на нашата заедничка историја.

„Северна Македонија, која брани едно толкување на историјата со забрана на изразување на различни мислења, дури и ако тие мислења се критички на наметнатиот официјален наратив, јасно ги крши основните принципи на Европската унија за правата на слободно изразување и слободно здружување. изјави портпаролот на МНР. Овие принципи се заштитени со членовите 10 и 11 од Европската конвенција за човекови права, а Скопје е должно да ги спроведе во целост, без разлика дали се прифатливи за властите или за дел од локалната јавност. Костадин Коџабашев истакна дека ваквото однесување е во спротивност со договорите кои со голема тешкотија беа постигнати минатата година.

Заменик-министерот за надворешни работи потсети дека на 17 јули минатата година Северна Македонија презеде јасна обврска да ги преземе неопходните активности за да обезбеди ефективен пристап на бугарската заедница до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на нејзиното културно наследство и идентитет.
– Бугарија се уште чека информации и ефикасна правда за сторителите на бројните напади врз здруженијата на Бугарите во Република Северна Македонија, особено за пукањето во клубот во Охрид, изјави заменик министерот Коџабашев.

Според него, бавното спроведување на правдата е во остра контраст со брзината со која се носеше законот и беа затворени бугарските здруженија. Според него, ова ја покажува ефективноста на властите во Скопје во ограничувањето на човековите права, но не и во заштитата.

Би можело да ве интересира

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

Орце Костов

Милков: Затворањето на бугарските клубови ја зголемува тензијата, не знам дали Македонија е свесна за тоа

Орце Костов

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Орце Костов

И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Ана Ололовска

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Ана Ололовска

Радев: Решението на Македонија за бришење на бугарските клубови е немоќ и паника

Катерина Павлова-Николовска