Брижит Бардо ќе помoгне мечето Теди кое живееше во стар кафез во Штип да отпатува од земјава

Од:

„Ова нека биде последна тажна слика од мечето Теди“. Вака хуманата Тина Мицковска, портпарол на Зоолошката градина во Скопје, го испраќа малото мече Теди кое живееше во крајно нехумани услови во Зоолошката градина во Штип, а сега, со помош на Фондацијата на Брижит Бардо ќе добие шанса за нов живот.

„Теди е мече кое три години живее во кафез од два квадратни кафез со жици од кои се повредува. Донесен е како бебе, од доктор Јовица Угриновски кој го спасил, но му било ветено од тогашната локална власт дека ќе добие живеалиште. Докторот сите овие години донира месечно храна за Теди. Но, поради лошите услови во зоо паркот и тесното живеалиште, мечето е анскиозно, повредено на шепата и добива тикови“, раскажува Мицковска за „А1он“.

Апелите за помош за мечето таа ги видела Фејсбук минатото лето и решила да ги земе работите во свои раце.

„Со месеци контактирав со организации да го преземат и помогнат. Голготата траеше поради тоа што во земјава немаме резерват за мечки, а и поради тоа што одредени лица се противеа да го однесам Теди надвор од државата во подобар живот. Алармирав секаде и фала му на Бога, градоначалникот на Штип ме поддржа во намерата Теди да добие нов дом. Преку Фејсбук ме најдоа и од најдобрата светска организација за заштита на животните „Четири шепи“ (4 Paws) кои се заинтересираа да ми помогнат. Дојдоа тука, го сликаа Теди и од фондацијата Брижит Бардо и 4 paws прифатија да ја преземат грижата за Теди. Замислете, една Брижит Бардо се ангажираше за нашето мече, а изминатите месеци наидував само на бариери во нашата земја“, раскажува Тина.

Тина Мицковска – синоним за хуманост кон животните

На крај, поддршка ѝ дале здруженијата за заштита на животни, Министерство за животна средина, скопската зоолошка градина, Агенцијата за храна и ветеринарство, па дури и досегашниот премиер Зоран Заев.

На крајот од јануари, здружението „4 paws“ и претставници од фондацијата на Брижит Бардо ќе дојдат во Штип со еден од најдобрите ветеринари за диви животни во светот да го прегледаат Теди.

„Забрзано ќе треба да ги собереме документите и Теди ќе патува во Паркот на танцувачките мечки во Белица или во Швајцарија“, вели Тина.

За неа, останува идејата што ја има заедно со доктор Угриновски, да основа резерват за заштита на мечките во Македонија.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов