Босанскиот амбасадор Јаќимовиќ подари кујни и кревети на две многудетни семејства од Кучевиште

Од:

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Македонија подари покуќнина на две социјални семејства од селото Кучевиште.

Донацијата ја предаде амбасадорот Драган Јаќимовиќ кој денес ги посети семејствата Нешковиќ и Перовиќ. На семејствата им подари кујни, кревети, ламинат и плакари.

„ Нашата цел е да ги зближиме нашите народи. За оваа донација се решивме откако слушнавме во какви услови живеат двете семејства, а клучно беше тоа што и едното и другото семејство се многудетни. Мора да се помага без оглед на вера и националност“, изјави за „А1он“ амбасадорот Јаќимовиќ.

Семејството Нешковиќ има три деца, а семејството Перовиќ четири. Двете семејства се во социјален ризик. Дека им треба помош, амбасадорот дознал од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, а за целата акција поддршка добиле и од техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Кучевиште е скопско село во кое најголем дел од жителите се декларираат Срби.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он