Борел: Со менување на Уставот нема да се загуби македонскиот идентитет

Од:

Со менувањето на Уставот и со пристапувањето во ЕУ, македонскиот идентитет нема да се загуби, порача високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел при посетата во Скопје.

Тој рече дека освен што е оптимист дека ќе се донесат уставните измени, сега е и активист кој работи на тоа Македонија да влезе набрзо во ЕУ.

– Северна Македонија се обврза дека ќе го измени својот Устав и во него ќе ги вклучи граѓаните кои живеат во државата. Ништо не е чудно, во Хрватска живеат 22 заедници и сите се во Уставот.

Вие сте пример за мултиетничко општество и со промената на Уставот ќе се унапредат основните права на заедниците. Не се сомневам дека со тоа ќе се зачува македонскиот идентитет и истовремено ќе се напредне процесот на пристапување.

Вие не си го загрозувате вашиот идентитет со пристапувањето во ЕУ. Вашиот ќе биде зачуван во ЕУ бидејќи луѓето имаат и неколку идентитети. Немате да бидете помалку од тоа што сте, само затоа што ќе станете членка на ЕУ – рече Борел.

Би можело да ве интересира

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Димитровски: Без подадена рака, нема внесување на Бугарите во Уставот

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година