ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

Од:

Резултатот од изборите во Србија отвора можност за напредок на земјата на патот кон Европската Унија – изјави денеска портпарол на Европската комисија (ЕК) на прес-конференција во Брисел, одговарајќи на новинарски прашања.

– Србија припаѓа на европското семејство и ќе работиме со идната српска влада исто како што работиме со секоја друга демократски избрана влада – додаде портпаролот.

Тој нагласи дека Европската комисија е подготвена да соработува со следната српска влада за поддршка на реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции.

Истовремено, портпаролот потврди дека Европската комисија е подготвена следната недела да ги претстави извештаите за напредокот на сите земји кандидатки за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Србија: Се чекаат конечните резултати на РИК, рокот за избор на нова Влада е 90 дена од конституирањето на Парламентот

Вучевиќ: Ја почитуваме волјата на народот, проблемот е што ќе се случува со Србија по победата на Студентската листа

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ