Бочварски: Сонот за изградба на брана на река Отиња станува реалност

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за општина Штип Благој Бочварски и кандидатите за советници на денешната прес-конференција истакнаа дека очекуваат фер и демокртаски Локални избори и победа во првиот круг на 15-ти октомври.

Бочварски истакна дека во нивната програма се планирани крупни капитални проекти за градот Штип, меѓу кои изградба и спортско рекреативен центар „Суитлак“, кој ќе се протега од паркот К’ртеќе до викенд населбата Суитлак, а во рамките на центарот ќе се изгради и Аква парк.

– Сонот за брана на река Отиња станува реалност. Штип е еден од ретките градови во Република Македонија во чија близина нема вештачко езеро, кое што би придонело да се ублажат летните горештини и зимските студови. Започнуваме со изградба на брана на реката Отиња, деценискка желба на штипјани. Средствата за реализација се планира да бидат обезбедени од Владата на Република Македонија и од буџетот на општина Штип, вели Бочварски.

Тој истакна дека во програмата е предвидено и намалување на цената на водата за 10 проценти, а идната локалната власт ќе работи како што вети одговорно, транспарентно и во служба на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?