Бочварски: Пописот е клучен за развојот на општините и урбанистичкото планирање

Од:

Пописот не е само да се преброиме колку сме во државата, туку тоа е операција која ќе обезбеди податоци и на Министерството за транспорт и врски при постапките на урбанизацијата, порача министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи на штипската улица „Панче Караѓозов“.

– Тоа ќе му треба и на градоначалникот и на општината, да знаеме колку проекти, колку приоритети има, колку улици има, колку жители живеат во одредена населба, за да може да се реализираат и тие проекти и тие приоритети на граѓаните. Така што пописот е операција, којашто е потребна и за во земјоделието и за урбанизмот и за сите останати потреби и ресори во државата, вели Бочварски.

Посочи дека податоците од пописот се клучни за општините од аспект на планирање на своите развои, урбанистичкото планирање на своите градови и населени места.

Повика граѓаните да попишат, бидејќи, како што рече, тоа е операција која мора да се реализира во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Ана Ололовска

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

Ана Ололовска

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста