Бочварски: Нудиме многу проекти за развој на Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски на последната прес-коференција во вториот дел од кампањата за избор на градоначалник истакна дека тој и неговата партија СДСМ излезгле со чесна понуда и искрен пристап, во кој се понудени многу проекти за развој на општината.

– Убеден сум дека нашите проекти се препознаени од граѓаните на нашиот град. Зборуваме и за изградба на брана на река Отиња, проект, кој што ќе стане реалност во наредниот период. Понудивме проект за гасификација на нашиот град што значи 20 километри гасификациска мрежа во нашиот град, која што ќе ја изградиме за четири години. Зборуваме за изградба на нов, модерен Аква парк во нашиот град со отворен и затворен базен, што ќе даде нов квалитет на нашиот град. Зоруваме за намалување на цената на водата за 10 проценти и намалување за сметките за смет за 10 проценти, рече Бочварски.

Вети и транспаретна работа, брза и квалитетна урбанизација на индустриските зони и изградба на нови улици. Во неговата четиригодишна програма предвидени се и мерки за младите, како што е намалување на комуналиите за 50 проценти за младите брачни парови, кои ќе сакаат да изградат сопствен дом. Бочварски ги повика штипјани да излезат масовно на гласање и како што рече во недела сите заедно да ја прослават победата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски