Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

Од:

Граѓаните во општина Гази Баба ангажираат приватни превозници за собирање на градежниот шут кои речиси никогаш не го носат отпадот во легална депонија туку го исфрлаат каде ќе им текне.

За овие услуги некои граѓани плаќаат и по 4.000 денари не знаејќи притоа дека нивниот отпад не е е одложен во депонијата Вардариште.

Екоактивистите од Гази Баба на социјалните мрежи објавија случај од жител на општината кој се јавил на оглас за да му го соберат кабастиот отпад после реновирање. Отпадот завршил две улици подолу.

„-Комшо си го исчистил отпадот од реновирање? – Да. Се јавив на оглас. Дојде камионче за 4000 се ми собра и шут и стар мебел.
– А тој каде го фрла отпадот? – Не знам и не ме интересира. Важно јас да си исчистам дома.
Твојот отпад комшо е две улици подоле. Ти си исчистил но општината е се позагадена.
Почитувани граѓани. Кога ќе се јавите на лица кои го зимаат вашиот отпад, тој никогаш не завршува во легална депонија бидејќи тие таму треба да платат. Тој завршува во вашето соседство“, пишуваат активистите.

Отпадот граѓаните можат и самите да го достават до претоварната станица на КХС во Вардариште со што би биле сигурни дека нема да заврши пред некоја зграда или ограда на куќа, но дел од жителите не сакаат да преземат иницијатива и одговорноста ја префрлаат на општината и инспекторатите.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Боби Стефковски за „А1он“ истакна дека казните на инспекторите од само 50 евра се многу мали, иако некои од нив заработуваат и по 200 евра дневно.

– Видов една објава на социјалните мрежи дека одредени превозници нудат услуги за собирање смет и кабаст отпад, а го одлагаат на јавни површини. Притоа казните на инспекторите се 50 евра, навистина глобите се мали и тука треба да се интервенира во законот. Мора казните да бидат повисоки за конечно да се подигне свеста дека не треба да се загадува животната средина.

Јас апелирам, ние во претпријатието на општината, ЈП Гази Баба 2007, имаме услуга за носење на смет и на кабаст отпад за 1000 денари, граѓаните таа информација ја знаат и доколу имаат потреба да се јават, а не на приватни превозници кои не знаеме дали отпадот го депонираат на територија на општина Гази Баба или на на територија на други општини – рече Стефковски за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов