А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Битолски банкари и двајца Грци преку ујдурми со кредити „олесниле“ банка за половина милион евра

by А1он22/06/2021 - 16:563199
Share0

„СВР Битола поднесе известување против Т.С.(43), Н.С.(41) државјани на Грција, со регулиран престој во Р.Северна Македонија, и правно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажен стечај“, како и против В.Н.(48) од Битола, директор на филијала и Н.М.(50) од Битола, член на Управен одбор на банка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“,“ информираа од МВР.

Добивај вести на вибер

„Прво и второпријавените на 28.10.2015, како основачи и сопственици на правното лице, донеле одлука за задолжување на друштвото со рамковен револвинг кредит од банка, кој го склучила Н.Ц., како управител. Врз основа на рамковниот револвинг кредит, на 31.10.2017 прво и второпријавените ја искористиле можноста за прекумерно задолжување и склучиле договор за краткорочен револвинг кредит на износ од 30.900.000 денари“, велат од полицијата.

„Во наредните четири месеци вршени се исплати по договори за краткорочни денарски и девизни кредити во вкупен износ од 696.000 евра, кои не ги употребиле за нови инвестиции, туку за лична потрошувачка. Со преземање на несразмерни обврски ги повредиле своите должности при управувањето со имотот со што предизвикале стечај на правното лице од Битола. Трето и четвртопријавените од банката пропуштиле навремена контрола на кредитниот должник и на наменската употреба на средствата, а на барање на правното лице била донесена одлука со која депонираните девизни депозити биле ослободени и заменети со меница и три бланко потпишани налози за пренос, со што ја оштетиле банката за 500.000 евра“, се вели во полициското соопштение.

bankabitolakreditimvr

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Спречен бомбашки напад пред Банка на Америка во Париз

А1он28/03/2026 - 17:24

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто