Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Од:

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен.

-Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“, населба „Стрчин“ на реката Курдерес, улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, Горно Оризари на улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој, на улица „Бурса“ и на улица „Цар Самоил“. Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци.

Би можело да ве интересира

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници