Битолчанец најбогат во 2019, заработил 3,5 милиони евра

Од:

Битолчанец e најбогатиот граѓанин во земјава, а на Стружанец му била исплатена највисока плата. Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција соопшти дека иако скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак на првото место е Битолчанец со остварен годишен доход од 211 милиони 360 илјади 619 денари. На второто место е Скопјанка со годишен бруто доход од 172 мкилиони 166 илјади 358 денари.

– Во споредба со 2018 година кога највисокиот остварен доход беше една милијарда 056 милиони 992 илјади 055 денари има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил деветорангиран, рече Лукаревска.

Стружанецот на кого му била исплатена највисока плата работел во индустријата со метали пријавил годишен бруто доход од 1,9 милиони евра. На листата на највисоко рангирани бруто плати се и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друг основ изнесува 48 милиони 511 илјади 454 денари на годишно ниво за привремено извршени услуги кон градежна компанија.

Најголем доход од капитална добивка има остварено Скопјанец кој продал сопственички удел во странска компанија и притоа заработил 88 милиони 352 илјади 113 денари, а највисоката дивиденда му е исплатена на Битолачнец, кој е сопственик ан бизнис од областа на градежништвото.

Самостојното вршење на дејност е најпрофитабилно за скопјани и во 10-те најдобро рангирани се наоѓаат адвокати, извршители и угостители. Земјоделството е најисплатливо во Скопскиот регион каде граѓанин од продажба на сопствени земјоделски производи остварил доход од 32 милиони 345 илјади 815 денари. Највисокиот доход од закуп е остварен во Тетово, а највисокиот доход од авторски права во Скопје. Највисокиот доход од права на индустриска сопственост е остварен во Куманово.

Според податоците на УЈП, Скопјанка од лото обложување и учество во наградни игри заработила 29 милиони 293 илјади 930 денари, а прворангираниот пензионер е од Штип со бруто пензија од 8 милиони 064 илјади денари.

Според директорката на УЈП, иако општите бројки се зголемени, сепак на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани не ги достигнал износите на доход од 2018 година.

Кај 35.363 граѓани утврден е бруто доход над еден милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 638.210 оствариле бруто доход кој се движи од 100 илјади до еден милион денари.

Во 2019 година шест граѓани оствариле доход над 100 милиони денари што претставува намалување во однос на 2018 година кога имало 31 таков граѓанин. Вкупно 426 граѓани оствариле доход од 10 до 100 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов