Бектеши по најавата на Хоџа повика да се почитуваат одлуките на Државната изборна комисија

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа од редовите на ДУИ, по најавите на Движењето Беса за евентуално повлекување од Владата поради прегласување во Општина Желино, изјави дека треба да се почитуваат институциите, посочувајќи на Државната изборна комисија (ДИК).

Бектеши во одговор на новинарско прашање за негов коментар за на најавата неговиот колега, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа од Движење Беса, кој повлекувањето го најави преку социјалните мрежи, рече дека имал прилика и вчера и во континуитет разговара со него и му кажал дека малку е избрзано иако не верува дека дал таква изјава.

-Имав прилика да видам на некој си пост што го објавил на социјалната мрежа „Фејсбук“. Ние како ДУИ и јас лично мислам дека треба да се почитуваат институциите, во овој случај ДИК и согласно факти и аргументи да донесат одлуки се со цел да имаме транспарентен и изборен процес кој ќе биде признат од сите страни. Се случи пред една недела, да не згрешам, случајот и со Општина Дебар каде што можеше да изгуби ДУИ, но ние не ги поврзуваме тие работи. Ние ги почитуваме одлуките на независните институции, во овој случај ДИК и секако дека согласно нивните одлуки и политичките партии треба да постапат, изјави Бектеши.

Министерот Бектеши беше во посета на компанија во тетовско Прељубиште.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања