Бектеши: Не сум влијаел при вработувањето на сестра ми

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши не се чувствува одговорен за вработувањето на неговата сестра Влора Бектеши во „МЕПСО“. Во однос на прекршочната пријава против него дека тој и сестра му живеат во исто домаќинство, а тој не пријавил дека член на неговото семејство е вработено во државна институција, Бектеши вели дека неговата сестра уште од 2014 година не живее со него но не ја сменила адресата на живеење.

„Сестра ми се омажи во село каде улиците немаат име и број, а бидејќи работи на докторатот во странство ја задржала адресата од семејната куќа заради комуникација со универзитетот. Таа докторираше во Италија и потоа си конкурирала на огласот. Таа е мажена подолго време, си има свој живот и право да бара работа по соствен избор. Како сум можел јас да влијаам?“ , изјави за „А1 он“ министерот Бектеши.

Тој вели дека ако се донесе одлука за парична казна, ќе ја плати.

“Ако донесат одлука за казна ќе ја платам, затоа што сум направил технички пропуст, требало да пријавам дека сестра ми живее на друга адреса. Но, најважно ми е од комисијата да се докаже дека немам никаква врска со нејзиното вработување“, рече Бектеши.

Тој е категоричен и останува на ставот дека не се работи за непотизам, а за повикот на премиерот Заев за повлекување на родините, вели дека тоа треба да го направат функционери кои го прекршиле законот.

„Го охрабрувам повикот на премиерот Зоран Заев за повлекување на функционерите, но таму каде што влијаеле, јас не сум влијаел при вработувањето на сестра ми и не се чувствувам прозван. Ќе платам сѐ што треба, станува збор за технички пропуст, но за мене е најважно дека Антикорупциската комисија ја потврди мојата изјава дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми“, рече тој.

Антикорупциската комисија вчера утврди дека постојат сомнежи за непотизам кога Влора Бектеши во октомври 2018 година била вработена како самостоен референт за правни работи во „Мепсо“. Вкупно 73 кандидати се пријавиле за ова место. Без записник за извршени интервјуа и без записник за бодирање, избрани биле петмина кандидати во потесниот круг, а за најдобар кандидат генералниот директор на „Мепсо“ ја избрал токму сестрата на министерот за економија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

Врие во ЛДП: либералите се жалат дека додека партијата тоне, Милевски си ја вработува фамилијата, а тој обвинува за удбашка конструкција

Маја Илиевска-Пачемска

Николовски: Непотизмот во администрацијата постоел отсекогаш, Владата е одлучна да го спречи

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Ристески: Дали е на повидок нов скандал на вработување на активисти по список?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Нов скандал, град Скопје доделил тендер на фирмата на партнерот на министерката Царовска

Ана Ололовска

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини