Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Од:

Албанската опозицијата денеска беше повикана на средба за да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок. Нивната цел изгледа е само да блокираат, а не да придонесуваат на таквите мерки.

Ова го изјави министерот за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

-Македонската опозиција веќе ги поддржа законите од петиот сет економски мерки. Што се однесува до албанската опозиција денеска ги повикавме да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок и изгледа нивната цел е само да блокираат, а да не придонесуваат за таквите мерки, истакна Бектеши.

Апелираше денеска уште еднаш да најдат сила да ги изгласаат тие законски решенија или да предложат подобрување на тие решенија.

Во однос на роковите што произлегуваат од законските решенија од петтиот пакет мерки, рече дека како Влада може да интервентираат во рамки на собраниските комисии и да се продлжат со цел сите компании и сите работници во приватниот сектор да добијат плати и за февруари.

Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на нејзиниот секретар Артан Груби со секретарите на БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on