(ВИДЕО) Бејли по разговорите: Очекуваме договор во понеделник

Од:

Има напредок во преговорите, но разговараме за многу сензитивни теми, па одлучивме да оставаме партиите да размислат преку викендот, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли по разговорите со претставници на партиите во резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Ќе ги продолжиме преговорите од понеделник, оптимист сум дека ако има политичка волја ќе има и договор со цел Македонија да оди напред, рече Бејли.

Во средата партиите се договорија за прашањата поврзани со избирачкиот список, преодната влада и медиумите, а единствено не постигнаа договор за ингеренциите кои треба да ги има министерот за внатрешни работи.

Претставниците на четирите политички партии не дадоа никаква изјава за медиумите, а Бејли пак, не одговори на новинарските прашања за што поточно се разговарало на денешната средба.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

Амбасадорот Бејли на проштална средба со премиерот Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бејли: Најмногу ќе ми фалат луѓето, најмалку загадениот воздух

Ана Ололовска

Османи до Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

Ана Ололовска