Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

Од:

Големиот пожар во поранешното училиште во Пржино е локализиран, а градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се сомнева дека станува збор за човечки фактор кој го причинил пожарот.

„Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.

Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.

Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.

Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он