Бејли: Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на кризата

Од:

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли кој присуствуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

– Зборувавме за ова многу пати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред, рече Бејли запрашан од новинарите за сугестија за разрешување на кризата и дали „Пржино 3“ е опција.

Тој посочи дека, сепак, одлуката за тоа е на политичките лидери во земјата.

– Ние остануваме партнер и пријател на Македонија, сакаме да помогнеме процесот да се движи напред, но на крајот на денот се зависи од вас, од граѓаните, од вашите лидери, да профункционираат демократските институции. Има тензии во општеството, има поделби, и важно е институциите да ги приближуваат граѓаните заедно, додаде Бејли.

На новинарско прашање во врска со доделувањето на мандатот за формирање нова влада тој повтори дека очекуваат претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука.

– Мислам дека неколку пати дадовме коментар во врска со одлуката на претседателот Иванов. Сметаме дека тоа не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита. Мислам дека е важно демократските институции да функционираат и во тоа се содржани решенијата, истакна амбасадорот Бејли.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

Амбасадорот Бејли на проштална средба со премиерот Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бејли: Најмногу ќе ми фалат луѓето, најмалку загадениот воздух

Ана Ололовска

Османи до Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

Ана Ололовска