АВРМ: Ташевска-Ременски да се извини или ќе ја тужиме за клевета и навреда

Од:

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска реагирајќи на прес-конференцијата на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски како лаги и клевети ги окарактеризира нејзините тврдења и побара извинување. Во спротивно, се посочува во реакцијата, ќе и бидат поднесени тужни за клевета и навреда.

– Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски денеска одржа прес конференција за медиумите која всушност беше обид за црна политичка кампања која нема никаква поврзаност со реалните факти. Изнесе мноштво дезинформации и непознавања за она што го говори на сметка на Агенцијата за вработување. Сите постапки за кои говореше  техничката министерка се во рамки на законските процедури. Ја повикуваме во  рок  48 часа јавно да се извини за изнесените лаги во спротивно ќе и биде поднесено тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, се вели во реакцијата од АВРМ.

Оттаму посочуваат дека Ташевска Ременски е министер кој, како што нагласуваат, позади себе има повеќе тужби и кривични пријави отколку реализирани проекти и иницијативи во интерес и корист на граѓаните. Оттука, велат од АВРМ, таа нема никаков кредибилитет и дигнитет да бара оставки.

Би можело да ве интересира

Најмногу огласи за работни места има за хигиеничари, програмери, келнери, обезбедувачи, ѕидарски работници

Кристијан Ландов

Агенција за вработување: Се појавил обид за измама со програмата за самовработување

Жарко Настоски

Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Ландов

Кривична пријава за поранешниот директор на АВРМ

Ана Ололовска

Без правилник за репрезентација директорот и заменикот во АВРМ си делеле пари за ручеци и патувања

Наум Локоски

АВРМ нема информации за мерките за вработување и каде се трошат средствата, тврдат две НВО-а

Наум Локоски