АВМУ го објави првиот извештај од монторингот на медиумите за Референдумот 2018

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го објави Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, што се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година.

– Во услови кога немаше јасни и еднакво активни линии на агитација („за“ наспроти „против“ и/или „бојкот“) беше тешко радиодифузерите да се потпрат на известувањето од настаните за да ѝ обезбедат на публиката разновидност на гледиштата. Оттаму, посветеноста на некои од нив кон начелото еднакво да ги третираат различните гледишта може да се забележи во подготвеноста, во вестите да понудат ставови на аналитичари, политиколози, историчари, експерти во други релевантни области кои ќе им овозможат на граѓаните поцелосен и продлабочен увид во прашањата кои треба да ги имаат предвид за да донесат информирана одлука за референдумот, стои во соопштението од АВМУ.

Други медиуми, како што се посочува, недостигот на разновидни гледишта во вестите го надополнуваа во посебните информативни програми каде настојуваа да обезбедат соговорници со спротивставени ставови.

– Кај третата група медиуми, разновидноста на ставовите недостигаше и во вестите и во посебните информативни емисии, стои во Извештајот, кој е достапен на веб страната на Агенцијата www.avmu.mk.

Со примерокот се опфатени Македонско радио 1, Македонско радио Програма на албански јазик, МРТ1 и МРТ2 – Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма, 24 Вести, Сонце и Наша ТВ, 1 ТВ, Компани 21-М, Клан Македонија и Шења.

Од националните приватни радија со примерокот е опфатен Канал 77 зашто другите две немаат информативна програма. При тоа, анализирана беше вкупната 24-часовна програма со акцент на централната дневно-информативна емисија и другите програми во кои се третираше референдумот.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот