„Авицена лабораторија“ со намалени цени и со зголемен капацитет за тестирање за ковид-19

Од:

Како здравствена институција што од почетокот на пандемијата активно се вклучи во борбата со вирусот SARS-CoV-2, „Авицена лабораторија“ продолжува активно да ги става на располагање сите капацитети, искуства и знаења, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.

Почнувајќи од 16 ноември 2020 година, тестовите за ковид-19 се со намалени цени, и тоа цената на молекуларен PCR-тест изнесува 2.600 денари, ретестирање кај пациенти што претходно имаат направено каков било тест за ковид-19 (PCR, брз тест или серолошки) 2.400 ден., молекуларниот тест што истовремено го детектира новиот SARS-CoV-2 вирус и вирусот на грип е достапен по цена од 3.000 денари, а намалени се и цените на пакетите за анализа на молекуларниот тест заедно со антитела во крвта. Постои и семеен попуст -за тестирање најмалку 3 члена од исто семејство, цената за еден PCR тест е 2400 денари.

Освен што „Авицена лабораторија“ отвори нов простор за прием на пациенти и за земање примероци за тест за ковид-19 кој е целосно физички одвоен од останатиот дел на лабораторијата, истовремено трикратно се зголеми и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво.

Имено, во „Авицена лабораторија“ веќе е инсталиран високософистициран и најсовремен робот-систем за целосно автоматска обработка на примероци за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во нашата држава. На овој начин се зголемува капацитетот за изработка на тестови, а се намалува времето за добивање резултат.

ПР текст

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Граѓаните оставиле најмалку 25 милиони евра во приватните лаборатории само за ПЦР-тестови

Фатени 19 лица кои со лажни ПЦР тестови со автобус тргнале за Германија

Странските туристи во Франција од идната недела ќе плаќаат за тест за Ковид-19

Жарко Настоски

Приватните лаборатории по корона-кризата со профити од милиони евра, дел имаат и за 77 пати повисока добивка

Мери Јордановска

Грција ги олесни правилата за влез за патниците од нејзината „зелена листа“ на земји

Жарко Настоски

Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора