Арсовски: Зошто обвинителството се уште не отвора истрага за 350.000 евра рекет кои ги земале Заев, Богоев и Кирацовски

Од:

Јавноста и граѓаните вчера имаа можност да ги чујат како изгледаат од блиску криминалот и корупцијата на СДСМ и кланот Заеви кој што раководеше и се уште раководи со СДСМ и со владата. Бојан Јовановски во вчерашното излагање пред Судот најбрутално го посочи и раскажа рекетирањето кое го правеле Заеви, СДСМ и сите останати од таа власт, нормално на чело со Зоран Заев. Се што говоревме како ВМРО-ДПМНЕ од оваа говорница тука изминативе 3 години во врска со случајот Рекет и со рекетирањето во Република Македонија, вчера се покажа дека е вистина рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– „Златната криминална тројка”, како што вчера ја нарекоа во судницата, мислејќи на Заев, Кирацовски и Стефан Богоев, слушнавме во вчерашното обраќање на Бојан Јовановски, дека во 2017 земале 350.000 евра во кеш за незаконско финансирање на партијата на локалните избори. Зошто се уште нема отворено случај за ова? Парите тие 350.000 евра за коишто претходно се говореше и се пишуваше во медиумите, но за жал никој не покрена никаква постапка, бидејќи обвинителството ги штити криминалците на власт, биле од зетот на нивниот коалиционен партнер Фијат Цаноски и завршиле во џњбовите на ова „Златна криминална тројка“, како што ја нарекоа вчера во судницата, а за возврат човекот кој ги дал парите, зетот на Фијат Цаноски, добил атрактивни локации за градење во општини каде владеела СДСМ, а конкретно во Карпош, бидејќи таму и најголем дел од парите завршиле за кои што вчера говореше Бојан Јовановски, вели Арсовски.

Арсовски потсети дека беше поранешен премиер на соседна држава, за иста ваква работа, изнуда од бизнисмени.

– Самиот Јовановски вчера кажа дека за целиот проект Меѓународен сојуз, амин и поддршка имало лично од Зоран Заев, а освен Кирацовски и актуелниот потпретседател на СДСМ Богоев, вмешани биле и роднини на Зоран Заев. За сето ова Јовановски вели дека има докази. Зошто тие докази не се истакнати, и прифатени во судот, претпоставете сами. Власта го има судството под контрола. Судството и обвинителството ги штитат криминалците на власт. Зошто после вакви изјави не се повикани на распит Заев, Кирацовски и Богоев праша Арсовски.

Би можело да ве интересира

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија