Арсовски: Можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

Од:

Не ја кочат работата на Собранието напротив пратениците на ВМРО-ДМНЕ се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните. Можам само да потенцирам дека доколку сакаше власта односно СДСМ односно Зоран Заев да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат. Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и самите не им одговараа да биде изгласан петтиот сет на мерки затоа што немаат пари во Буџетот. Секое одолговлекување и одлагање на гласањето на овој закон за петтиот сет на мерки каде што треба да им се даде инекција на стопанството и да им се помогне, не им одговара да се изгласа овој закон единствено на СДСМ и на власта како што реков затоа што немаат пари во Буџетот“ – рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски