ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Од:

Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев, да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес. За Филипче не постои ниту една црвена линија, ниту за јазикот, ниту за идентитетот, ниту за кое било друго национално прашање. Со месеци му се додворуваше на Румен Радев, а без двоумење би потпишал и уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Иако тој тврди, дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски ставови се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и дека македонските револуционери кои се бореле за независна Македонија биле Бугари. Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија. СДС дојде на власт со ветувања за европско здравство и економски просперитет, но ниту едно од тие ветувања не беше исполнето. Наместо тоа, додека беа на власт се луксузираа на грбот на народот.

Тесниот круг околу СДС ги полнеше сопствените џебови, додека државата беше оставена да пропаѓа. И актуелното раководство на СДС и Филипче, ги следат скандали позади нив поврзани со јавни набавки, со купување медиуми, со надворешна политика базирана на тргување со националниот идентитет. Поради ваквите ставови и политики, СДС неколкупати доживеа катастрофален пораз на неколку последователни избори во земјава. Филипче се бори за туѓи агенди и му се додворува на Радев затоа што нема поддршка од македонскиот народ. Македонските граѓани не се со кратка меморија и добро се сеќаваат како СДС, додека беше на власт, се пазареше со националните интереси. Затоа Филипче се обидува да дојде на власт преку прифаќање нова национална отстапка и потпишување нов бланко-лист, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ