ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Од:

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година, при што целокупната економска активност останува во позитивна зона, со раст од 0,2%. Ова е резултатот на економските политики на Владата, насочени кон конкретна и реална поддршка на домашните компании. Преку оваа поддршка расте производството, се зголемува индустрискиот промет, се поттикнува економската активност и континуирано се отвораат нови работни места ширум земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Носител на овој раст е преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и претставува главен двигател на економскиот развој и на извозот. Домашните компании имаат капацитет да растат, да вработуваат и да освојуваат нови пазари, кога им се обезбедени соодветни услови за работа.

Клучна алатка зад овие резултати е кредитната линија од 230 милиони евра, која Владата ја обезбеди како силна финансиска поддршка за стопанството. Овие средства веќе се во нови инвестиции, нова опрема, поголемо производство и проширени капацитети кај домашните претпријатија, што е конкретен доказ дека мерките на Владата директно се префрлаат во реалниот сектор и даваат опипливи резултати.

Зад овие бројки, кои не се само статистика, стојат отворени работни места, зголемени плати и компании кои растат. Тоа е потврда дека насоката е вистинска и дека македонската економија чекори кон поголема стабилност и конкурентност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со ваквата поддршка на домашната економија, на македонските компании и на македонските работници, бидејќи токму на овој начин се обезбедува повисок животен стандард, повисоки плати и посилна економија за сите граѓани, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Предраг Петровиќ

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ

„И Здравје и Работа“: Стратешките рударски проекти не смеат да бидат заложници на уцени и ултиматуми

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски