Арсовска: Мицкоски да им каже на неговите советници како да гласаат и да одржиме седница

Од:

Градоначалничката Данела Арсовска рече дека срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти од клучно значење за скопјани.

„Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекина и одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот.
Славески веројатно чекајки инструкции од својот партиски шеф денес го блокираше рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје“.

ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојденво транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток.

Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес требаше советниците да гласаат за изградба на две новопланираните улици 1 и 4 и изградбата на мега парк во општина Карпош.

Чучер Сандево кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации нема да добие реконструирана водоводната и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славевски.

Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес“, објасни Арсовска на својата Фејсбук страница.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината