Апелација одлучи: Камчев и Панделески излегуваат од „Шутка“

Од:

Орце Камчев и неговиот соработник Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија, одат во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд. Се очекува тие во текот на денешниот ден или најдоцна утре тие да бидат пуштени од Истражниот затвор во Шуто Оризари.

За останатите осомничени за случајот „Империја“, соработникот на Камчев Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски и за Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев Апелациониот суд се уште нема донесено одлука.

За Сашо Мијалков, исто така осомничен за „Империја“, се очекува дека СЈО исто така ќе побара поблага мерка односно куќен притвор и за тоа треба да одлучува Кривичниот суд.

Камчев, Панделески, Јосифовиќ, Арсовска и Мирчевски беа во притвор од 10 ноември. За случајот осомничени се 13 лица за оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.

Орце Камчев за да излезе од притвор понуди гаранција од 14,5 милиони евра и докази дека нема да бега, да уништува докази или да влијае врз сведоци. Мијалков, пак, понуди гаранција од 1 милион евра.

СЈО досега не излезе со детали за што се однесува случајот, за што конкретно се товарат осомничените и кои фирми се опфатени во истрагата. „Макфакс“ имаше неколку обиди да побара објаснување за случајот „Империја“ од СЈО и од обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот, но не добивме одговор.

Ова не беше случај со останатите истраги кои прецизно, со сите детали беа објавувани на веб-страницата на обвинителството. За овој случај, од СЈО добивме краток одговор по телефон дека истрагата ќе се проширува и повеќе детали ќе има во наредната година.

Она што засега е познато е дека во случајот „Империја“ испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 6.2 милиони евра.

Под истрага, освен шестмината во притвор се и Ратка Куноска Камчева – мајка на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева Стојческа – сестра на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на „Жито Полог Тетово“, Лилјана Гајдоска – правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК „Пелагонија“, Владислав Стајковиќ – сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев – извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски – брокер и овластено лице во ДИС- Архивирај ДОО Скопје и Дејан Јанев од О.Т.Е „Инвест“.

Во рамките на истрагата, судот донесе решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица „Орка холдинг“ АД и „Ексико“ ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на „Ексико“ и „Тимох увоз-извоз“ ДОО Скопје.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги повлече основните две од трите обвиненија против Панделевски за случајот „Империја“

Горан Наумовски

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза