Апасиев обвини за изборен грабеж: Искрадени сме од Ново Село до Кисела Вода

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинува за изборна кражба. Тој смета дека на неговата партија и се украдени по 30 – 40 гласови од едно изборно место.

„ Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласови по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!? Тројца пратеници ни крадат во моментов. Луѓе ова е досега невиден изборен грабеж. Ова нема така да помине!“, објави на „Фејсбук“ Апасиев.

„ Тројца пратеници ни крадат во моментов“, вели Апасиев

Тој смета дека изборната кражба ја следи и неможност за поднесување приговори за вчерашниот изборен резултат.

„ Видете ја перверзијата на изборната кражба…Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?“, пишува Апасиев.

Според неофицијалните резултати од изборите Левица освои две пратенички места во новиот состав на Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Србинката Нинослава Јовиќ меѓу најбараните во Европа: Се бара по грабежот на накит вреден 40 милиони евра

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Куртиши до Апасиев: Поштата три дена не работеше поради невремето, услугите се нормализирани