Куртиши до Апасиев: Поштата три дена не работеше поради невремето, услугите се нормализирани

Од:

Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, преку објава на социјалните мрежи реагираше на критиките од претседателот на Левица, Димитар Апасиев, наведувајќи дека прекинот во работата на Поштата бил предизвикан од последиците од силното невреме, а не од нефункционалност на институцијата.

Куртиши потврди дека Поштата три дена не работела поради технички проблеми настанати по невремето, но информира дека од денеска работењето е целосно нормализирано и сите услуги повторно се достапни.

-Кога Димитар Апасиев нема факти, прибегнува кон лаги, навреди и евтин популизам. Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено. Наместо да покаже елементарно разбирање за вонредната состојба, Апасиев избра да шири дезинформации, да навредува илјадници вработени и да собира политички поени врз грбот на институцијата- напиша Куртиши.

ЈП „Пошта на Северна Македонија“ , како што нагласува Куртиши, нема да биде заложник на нечии политички фрустрации и дека граѓаните заслужуваат факти, а не измислици и евтини политички претстави.

Апасиев преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше работата на Пошта, тврдејќи дека институцијата веќе трет ден не прима писма, поради што, според него, адвокати пропуштаат законски рокови за поднесување жалби.

Во својата објава, Апасиев изнесе и обвинувања за работењето на претпријатието, меѓу кои и тврдења за вработувања по Рамковниот договор и за лица кои, според него, издржуваат затворска казна во Италија, а и понатаму примаат плата. За овие наводи не приложи докази, туку ги повика новинарите да ги проверат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Апасиев: Државата ги штити богатите, работниците го плаќаат товарот

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

„Пошта“: Се работи на забрзување на царинските процедури и обработката на пратките

Апасиев: Договорено новиот Изборен законик да се донесе до крајот на јуни