Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Од:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државната комисија за спречување на корупција поради неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек. Оваа одлука претставува официјална потврда дека ДКСК извршила директна дискриминација и виктимизација врз Апасиев и политичката партија Левица, со цел да нѐ замолкне во обелоденување на аферите и критиките кон власта. Одлуката е последица на неправилностите и аферите во рамки на Комисијата кои Левица јавно ги разобличи пред македонската јавност, велат од Левица.

– Потсетуваме дека по јавно изнесените факти за напријавените фирми на синовите кои добивале милионски средства од партиски каси, оставка поднесе антикорупционерката Цвета Ристовска. Дополнително, претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, поднесе оставка по предлог за разрешување доставен до Собранието од страна на Левица.

Во конкретниов случај, ДКСК му изрекува прекршочна казна на Димитар Апасиев за наводно неподнесен анкетен лист, без притоа да му биде доставено решение и без истото да биде објавено на официјалната веб-страница, како што тоа изрично го налага законот. Со ваквото постапување му е ускратено правото на правен лек, што претставува директна дискриминација.

Апасиев најавува тужба за надомест на штета и ќе бара одговорноста за незаконитото постапување да се утврди пред надлежен суд.

Левица и натаму ќе продолжи да ги обелоденува коруптивните однесувања на функционерите во власта и нема да дозволиме институциите да се користат како инструмент за политички притисок и пресметка со оние кои ги разобличуваат коруптивните практики. Борбата за владеење на правото, еднаквоста пред законите и институционалната одговорност продолжува, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија