(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Од:

На денешната собраниска расправа за реконструкцијата на Владата, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека смената на повеќе од една третина од владиниот состав претставува признание дека проблемот не е во министрите, туку во политиките на Владата и нејзиниот претседател.

Осврнувајќи се на експозето на премиерот Христијан Мицкоски, Апасиев истакна дека зад внимателно спакуваната реторика не стојат ниту резултати, ниту искреност.

„Беше убаво ChatGPT текстче, меѓутоа стерилно и сосем безкрвно. По реторика сѐ можете да одглумите. Можете да сте плашлив, да глумите храбар; можете да сте нечесен, да глумите чесен; ама искреноста не можете да ја одглумите, бидејќи можете да се лажете себе си, но не и својот организам. Имате убав говор со лоша глума.“

Според Апасиев, самата реконструкција е доказ дека Владата ја признава сопствената неуспешност.

„Мислам дека доволен шамар беше тоа што едвај 62 пратеника ви го изгласаа дневниот ред. И тоа што менувате повеќе од една третина од тимот ви кажува повеќе дека е до селекторот отколку до тимот. Вие со истите такви хвалоспеви, кога ги биравме луѓето пред две години, исто така ни зборувавте благонадежно.“

За време на обраќањето на претседателот на Левица, премиерот Мицкоски континуирано дофрлаше од своето место, упатувајќи навреди и пцовки кон говорницата. На ова реагираше и пратеникот Сашко Јанчев, кој од претседателот на Собранието, Африм Гаши, побара да воспостави ред во пленарната сала и да обезбеди достоинствен тек на расправата.

Во еден момент, додека Апасиев говореше за порастот на смртните случаи на работните места, Мицкоски се смееше од своето место, по што претседателот на Левица директно му порача:

„Кога дојдовте на премиерската позиција, имавте 17 смртни случаи на работници. Не смејте се за смртни случаи. Сега имате 32.“

Во своето обраќање, претседателот на Левица посочи дека реконструкцијата не носи ниту суштински промени, ниту поголема општествена застапеност.

„Општа констатација е дека Ромите остануваат статисти, а жените, во духот на демохристијанството, се затворени дома. Нив ги нема никаде и доминираат мажјаците.“

Апасиев оцени дека Владата создава привид на резултати, наместо реални политики и конкретни подобрувања за граѓаните.

„’Ги градиме темелите.’ Тоа така ми остана од вашето експозе. Триесет и пет години никако темелите да почнеме да ги градиме. И затоа вие сте политичар на статус-квото. Откако ја преземавте власта – ни брзина, ни забрзување, ништо. И затоа ние велиме дека вие градите Потемкинови села. Тоа е една измамничка фасада на вашата политика. Еден лажен сјај, еден привиден успех.“

Како пример за ваквиот начин на владеење, Апасиев го посочи случајот со новоотворената операциона сала која и по четири месеци не е ставена во функција.

„Одите во скафандери со доктори, отворате сала, а дознаваме дека четири месеци по сечењето лента, операционата сала уште не работи. Тоа е дефиниција за Потемкин. Ветувате просперитет, носите банкрот.“

На крајот од своето обраќање, Апасиев порача дека Владата нема визија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, туку продолжува да ги штити интересите на крупниот капитал.

„Никаде во државата и во вашата програма немате како ќе го подобрите животот на граѓаните. Зошто немате? Затоа што сте десничарски слуги на газдите и коморите. Десет компании имаат профит од 300 милиони евра, а даваат потпросечни плати. Секој петти граѓанин живее во ризик од сиромаштија. Вие немате визија како да ја подобрите државата“, заклучи Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: СДСМ е против една изборна единица – се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад

А1он

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 отсто

Горан Наумовски