Апасиев: Левица се одлучи да блокира со амандмани за да се спречи усвојувањето на квинскишкиот анекс-договор со Бугарија

Од:

Апасиев не се откажува од амандманското блокирање за Деловникот и појасни дека блокадата е да се оневозможи одржување на онлајн седници за да се „прошверцува анексот на Договорот со Бугарија со кој се негира македонскиот јазик и идентитет.“

„СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификува евентуално склучениот квислиншки анекс-договор со Бугарија со кој се негира македонскиот јазик, нација и идентитет! Пратениците од Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија на амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ“, напиша Апасиев на „Фејсбук“.

„Смрт за фашизмот, слобода за народот“ на крајот порача Апасиев и објави уште неколку амандмани за кои рече дека протекле во јавноста од страна на “безобразните опозиционери“.

Во едниот од нив се вели:

„Пратеникот кој не е во можност да се конектира на информациско-комуникациска технологија, може да ја ополномошти својата сопруг/сопруга, таа/тој да гласаат во негово име по систем на „телевоутинг“ кој го обезбедува систем администраторот на Собранието од Службата на ИКТ“, пишува во амандамнот кој го поднесе Левица.

Би можело да ве интересира

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски