Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Од:

На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.

„Во Македонија има една голема група на граѓани кои не се опфатени со здравствена заштита. Тоа се луѓе на договор на дело, хонорарци, луѓе со паушални примања, фриленсери, слободни уметници. Ако сте невработен и вашиот брачен партнер има примања над мизерниот праг од 24.000 денари месечно, вие повторно нема да имате здравствено осигурување. Дури и ако човек изгуби работа и ја продаде својата кола за да обезбеди сигурност за семејството, ќе го изгуби здравственото осигурување. Значи, наместо државата да ве заштити кога сте најранливи, таа се однесува како предатор.

Имаме ситуација каде што обичните граѓани плаќаат околу 33% давачки на своите приходи, додека оние со милионски заработки плаќаат само до одреден праг од околу 1,1 милион денари годишно, а над тоа не плаќаат ништо. Имаме случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг. Зошто тие се привилегирани, а сите други плаќаат? Со овие две измени ќе направиме рез на оваа дискриминаторска политика ќе го избришеме прагот за здравствено осигурување и ќе обезбедиме фер систем на давачки.”

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски