Антикорупциска: Шест градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Од:

Шест градоначалници немаат доставено Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интерес, изјави денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, по извршениот увид што Комисијата го извршила во својата евиденција за градоначалниците.

По изборот на функцијата, шестмина градоначалници немаат доставено Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси, и тоа – Милкије Халими, градоначалничка на Арачиново, Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, в.д. градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на општина Теарце Исен Асани, како и градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски.

– Седум градоначалници на општини во законски предвидениот рок по изборот на функцијата немаат поднесено само изјава за интереси, а имаат анкетен лист, и тоа – Аљбон Џемаили, градоначалник на општина Боговиње, на Босилово Зоран Зимбаков, на Василево Марјан Јанев, на општина Делчево Горан Трајковски, на Ново Село Боро Стојчев, на Студеничани Азем Адики и на општина Чашка Горан Стојановски, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Петмина градоначалници, посочи таа, имаат доставено само изјава за интереси, при што не е назначено за што е поднесен истиот, дали за градоначалник, или за некоја друга функција и тоа, Сашо Јанковски, градоначалник на општина Вевчани, на Гази Баба Борис Георгиевски, на општина Долнени Џемил Ќамили, Јордан Насев на Карбинци и Арија Ибрахим на општина Центар Жупа.

Ибрахим, кој е реизбран на функцијата, исто така има доставено само еден анкетен лист и изјава на интереси при што не е назначено за што е поднесен истиот, дали за престанок или за избор.

Против нив ќе се поднесе прекршочни постапки, а глобата изнесува од 200 до 400 евра.

Во врска со проверките на случаите на непотизам, како што рече Ивановска, добиени се документи од институциите од каде што побарале. – Ќе побараме и дополнителни податоци и сега претстои обработка на тие документи, рече претседателката на ДКСК.

На денешната петта седница по изборот на новиот состав, антикорупционерите ја разгледуваа и Предлог-стратегијата за промоција на системот на заштита на укажувачите, а појдовна точка, како што посочија членовите, ќе биде подигнување на јавната свест за позитивната страна на укажувањето.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов