ВИДЕО: Триесет и двајца државни службеници поднеле приговор за нивно разрешување

Од:

Седумте члена на Државната комисија за спречување корупција на јавната седница ги разгледаа приговорите поднесени до нив од страна на триесет и двајца државни службеници вработени во Генералниот секретаријат на Владата.

Првиот приговор го поднел административниот службеник од Кичево, Димче Стојановски, поради отпочнување на дисциплинската постапка за прекинување на работниот однос од страна на Генералниот секретаријат на Владата.

Екс раководителот на Центарот за вработување во Скопје, Слободанка Алексовска го поднела вториот приговор до антикорупционерите во кој се наведува дека в.д. директорката на Агенцијата за вработување спротивно на законот ја прераспределила Алексовска на пет работни позиции пониско, а отворила и дисциплинска постапка против неа и донела решение за суспензија.

На седницата беше решено Антикорупционерите да се обратат до институциите и да побараат одговор во рок од 15 дена за поднесените приговори до нив.

Претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски, на прашање во врска со поднесениот приговор од поранешниот директор на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, за прекршување на Изборниот законик, рече дека постапката е сè уште во тек.

Претседателот на ДКСК информираше дека сите следни седници на Комисијата на кои ќе се разгледуваат приговори за прекршување на Изборниот законик ќе бидат јавни. Тој не сакаше да открива детали од извештајот што антикорупционерите го испратија до Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран