Антикорупциска: Премиерот не може да биде и министер за финансии

Од:

Државната комисија за спречување на корупција испрати известување до Претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе го разгледа предлогот премиерот Зоран Заев во исто време да биде министер за финансии.

„Избраното или именувано лице треба да внимава дали има судир на интереси, односно треба да ги почитува правилата на неспоивост на функцијата која ја врши и да ги почитува Уставот и законите“, се вели во соопштението на Антикорупциска, до Собранието.

Антикорупциска отвори расправа дали има судир на интереси во случајот со Заев.

Засега, ДКСК поради сомневањата за можни конфликти на улогите кај Заев го разгледува предлогот на Владата. Членот 44 од Законот за спречување на корупцијата предвидува судир на интереси, но предлогот во Собранието не е во спротивност со Законот за Владата.

Во Македонија до сега немало случај во кој премиерот ја извршувал и функцијата министер за финансии. Заев ќе биде првиот, доколку не се повлече, кој паралелно со премиерската позиција ќе се грижи и за државната каса. Тоа не е пракса и во државите во Европа. Ретки се примерите каде претседателот на Владата извршува обврски и во некое министерство.

Вицепремиерката Шекеринска, одлуката на Заев да го преземе министерството за финансии го оцени како порака дека премиерот има намера да се фокусира на економијата. За опозицијата, пак двојната функција на Заев е преседан и не треба да му овозможи , дополнително да се збогати на грбот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта