Антикорупциска најпрво ќе ја проверува имотната состојба на претседателите на судовите

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) неделава ќе донесе квартален план за првите три месеци и најпрво ќе започне со проверка на имотната состојба на претседателите на судовите.

Ова го најави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска пред почетокот на настанот за одбележување на Неделата на интегритет и антикорупција 2020 организирана од Интернационалната стопанска комора со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

Прашана дали ги добиле имињата на судиите чија имотна состојба ќе треба да биде проверена, Ивановска рече дека сè уште немаат добиено ништо од републичкиот Судски совет.

– Нас времето не гази и на следната седница се одлучивме да започнеме со прва фаза. Во првиот квартал да ги ставиме прво ќе претседателите на судовите, како еден почетен чекор. Потоа ќе видиме врз анализите на Судскиот совет ќе продолжиме понатака, изјави Ивановска.

ДКСК ќе врши проверка на имотната состојба, односно ќе се споредуваат податоците од поднесениот анкетен лист со податоците од институците за промената на имотната состојба на судиите.

Би можело да ве интересира

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски