Ангелов: Во 2002 имаше план за апсење на Али Ахмети

Од:

Во емисијата „Пресинг“ која се емитува на Алфа телевизија, претседателот на Достоинство и поранешен генерал во конфликтот, Стојанче Ангелов рече дека имало план за апсење на Али Ахмети веднаш по изборите во 2002 година.

„Имаше план и инфорамции за апсење на неколку члена од раководството на ОНА. Тоагаш, ВМРО-ДПМНЕ доколку останеше на власт ќе ги апсеше тие што ги издаваа наредбите. За останатите борци, после тоа ќе можевме да зборуваме за нивна рехабилитација“, рече Ангелов.

Ангелов кажа дека во 2001. година имаше дејствија на вооружени екстремистички паравоени групации, кои не можат сега да очекуваат да добијата права од истата држава која ја нападнале.

„Требаше да бидат изнесени пред лицето на правдата. Службите треба да ги пронајдат, вистинската држава треба да ги пронајде креаторите на овие дејствија. Најголем срам е одлуката на сегашното ВМРО-ДПМНЕ што му го нанесе на македонскиот народ со амнестирањето на хашките случаи. Овие злосторства не застаруваат и ќе ги обновиме, пред се „Мавровските работници“ и „12 те киднапирани Македонци“.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски