Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ амнестира злосторници, балисти и екстремисти од УЧК

Од:

На овој ден , рече на прес конференција Стојанче Ангелов од Достоинство,  македонскиот народ се кренал на антифашистичко востание кое резултирало со создавање на македонската држава.

По завршувањето на војната, рече,  по налог на тогашното државно раководство од КПМ, партизаните ги гонеле, разбиле и уништиле албанските балистички банди кои во текот на војната соработувале со фашистите, се бореле против партизаните и му нанеле големо зло на македонскиот народ.

„Во 2001 година наследниците на албанските балистички орди, само ребрендирани како УЧК повторно се кренаа против македонската држава обидувајки се да отцепат дел од нејзината територија. Ние македонските бранители ја одбранивме нашата татковина но раководството на македонската држава, наместо да ни нареди да ги прогониме и уништиме, ги амнестираше бандите на УЧК“, рече Ангелов.

Денешното државно раководство, вели Ангелов,  отиде чекор понатаму.

„Оние кои себеси се претставуваат како наследници на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, сега со додавка ДПМНЕ, ги амнестираа и злосторниците кои извршиле ѕверства од кои на нормален човек може да му се крене косата на главата. Дозволија на предводникот на балистите Џемо од гостиварско, да му биде изградена биста и по него но и по други балисти и екстремисти од УЧК да се именуваат училишта и улици во македонски градови, да се пее албанската химна во Македонија под знамето на албанската држава“, изјави Ангелов.

„Раководството на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација го амнестираше раководството на албанската Ослободителната Народна Армија.Му дозволуваат на Талат Џафери, “командант“ од редовите на наследниците на балистите,  молчејки да си поигрува со македонското собрание и да го исмејува македонскиот народ и македонските бранители.Што би рекле нашите вистински револуционери, и од ВМРО, и од КПМ, комитите и партизаните, кога би можеле да видат што се случува денес во нивната татковина создадена со нивната крв?“, праша Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски