Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов посочи дека независно што по се изгледа се работи за предизборна реторика, „ставот на Али Ахмети за можни геополитички промени на Балканот и во Македонија е опасна теза“.
„Повторувањето на 2001 во 2013-та, 14-та или 15-та, тврдиме дека во Македонија пак ќе им биде неуспешно, независно кој е на власт, дали коалициите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ, затоа што безбедноста и неповредливоста на македонската територија ја гарантираат и бранителите на Македонија“, рече Ангелов.