Ангелов: ОНА и во новиот закон останува вооружена екстремистичка паравоена формација

Од:

Во предлог законот за бранителите кој ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Собранието кој е преземен од 2002 година, се користат истите дефиниции за ОНА, која е наречена како вооружена екстремистичка паравоена формација.

Ова го кажа Стојанче Ангелов, престедател на Достоинство според кого, ОНА сепак се дефинира како група вооружени екстремисти. Според него, тоа значи и дека и министерот што се поклони заедно со униформираните лица на АРМ, за власта се вооружени екстремисти.

„Ги нарекуваат вооружени екстремисти, но во ист момент се во коалиција со командантот на организацијата која ја дефинираат како паравоена и екстремистичка“, рече Ангелов.

Според него, целиот предлог закон е голема измама. Ангелов тврди дека во нивниот предлог закон за семејствата на загинати се нудат 50 просечни плати, од времето кога просечната плата беше 170 евра.

„Значи нудат 8500 евра отштета, а тоа пак покажува дека 10 бранителите вредат како една врба во Вардар“, рече Ангелов.

Со предлогот закон, вели Ангелов, се навредува интелегенцијата на бранителите.

„Нудат беспатно здравство во примарната заштита, значи се подигруваат со интелегенцијата на луѓето, примарна заштита е матичниот доктор, а тоа е бесплатно за сите граѓани и сега“, рече Ангелов.

Тој го праша претседателот на семејствата на загинатите кој го пофали законот дали смета дека обештетувањето на загинатите со по 8500 евра е достоинствено?

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски