Ангелов: Курир спинува, Достоинство е против права за ОНА

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов реагира на написот во „Курир“ за кој вели дека е изваден од контекст неговиот став за правата на припадниците на ОНА.

-Денес околу пладне ми се јави госпоѓа која се претстави како новинар од “Курир“. Јас искрено се сомневам дека во “Курир“ работат новинари но, нејсе…

Побара од мене да и дадам изјава во врска со нашиот став околу изјавите на претседателот на СДСМ Зоран Заев. И укажав дека ставот на “Достоинство“ може да го погледа на мојот ФБ профил.Новинарката“ од целиот наш став од мојот ФБ профил, кој е со должина од повеќе од една страна, издвоила единствено 3 (три) збора кои ги ставила во насловот на нејзиниот текст. Насловот пак, сам за себе, е полн со спинови. Значи, од целиот мој текст од повеќе од 500 зборови таа издвоила само 3 (три) зборови. Ви ги пишувам зборовите еден по еден:

1) извлечени
2) од
3) контекст

Овие три зборови се така вметнати во нејзиниот текст што доведуваат до целосно дезинформирање на читател кој би се информирал единствено од “Курир“.

“Новинарке“, а и цела редакцијо на “Курир“, погледајте како вистински се сака и како вистински се брани Македонија, порача Ангелов со видео.

Еве што напиша Курир

Screenshot_4

-За разлика од „Бедем“, изјавата на Заев не наиде на осуда кај претседателот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов, кој изјавите на струмичкиот градоначалник ги оцени како „извлекување од контекст“ преку својот Фејсбук профил, објави Курир.

А еве што пишува кај Ангелов на неговиот профил

Screenshot_7

-Ние, македонските бранителите од „Достоинство“, никогаш нема да дозволиме вооружените екстремисти од ОНА кои се кренаа против македонскиот народ, вооружени екстремисти кои се бореа против единствената држава на Македонците, екстремисти кои се обидоа да отцепат дел од нашата, македонска територија, екстремисти кои убиваа македонски војници и полицајци… Ние, македонските бранители, нема да дозволиме албанските вооружени екстремисти да добијат било какви права од нашата држава, држава која ја нападнаа во 2001-та, и со тоа да бидат изедначени со нас, припадниците на регуларните македонски безбедносни сили, со нас бранителите кои ја браневме македонската држава, го браневме македонскиот народ, ве браневме и вас и вашите деца.
Ангелов посочува и дека затоа едно од прашањата од референдумска иницијатива гласи: „Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон“, меѓутоа беше отфрлен од спикерот на парлементот Трајко Велјаноски.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски