Достоинство тврди дека празнувањето на Денот на албанското знаме со илјадници знамиња не е провокација, туку е покажување кој е газда во куќата (државата), поточно во албанскиот дел од државата. „Патриотот Никола Груевски се сокри, ќе ја здува за Америка.
Достоинство му предлага на Груевски да ја пријават прославата за денот на албанското знаме како рекорд во Гинис“, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и праша:
„За што се боревме ние во 2001? За Албанска Македонија?“
Според Ангелов, ова е процес започнат во Призрен во 1878 година и трае 134 години.
„Да ги погледаме само последните 15 години од тој долгорочен процес. Пред 15 години имаше една албанска држава на Балканот, денес има две. Пред 15 години во Струга, Кичево и Чаир во мнозинство живееја Македонци. Денес веќе не. Пред 15 години во Матејче и Арачиново живееја Македонци, денес веќе не“, рече Ангелов.
Според него, пред 15 години во Македонија имаше студентски протести против отворањето на само еден албански факултет. Денес има два албански универзитета.
„Ако пред 15 години беше незамисливо, денес Албанците имаат Министер за Одбрана и Министер за Правда.
Пред 15 години во Тетово и Гостивар се поставија две албански знамиња. И имаше полициска интервенција. Денес во Македонија се веат илјадници албански знамиња и никому ништо.
Албанците стрпливо, плански и долгорочно работат на реализиација на Призренската Декларација. Ако овој процес има почеток дали последните активности во Македонија се крај или само некаква меѓуфаза до крајот? Во тој случај кога и каков ќе биде крајот на албанските аспирации:“, праша Ангелов.
Лидерот на Достоинство посочи-„Зошто, ако истакнувањето на албанското знаме е толку наивно, меѓународните сили не дозволија да биде и официјално знаме на Косово“?