(ВИДЕО) Ангелов: Екстремните Албанци да не си играат со оган, за да не се изгорат

Од:

Достоинство ја осуди изјавата на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во која тврди дека „обединувањето на албанските земји е божја воља и дека обединувањето на силите на албанскиот наорд на сите нивоа ќе стане реалност“.

„Ако оваа изјава ја погледнеме како дел од едно однапред смислено сценарио, тогаш уште повеќе ќе ја сфатиме нејзината тежина. Македонците со право треба да бидат загрижени бидејки оваа изјава е на поглавар на ИВЗ, а не на некој случаен човек. Неговата изјава е опасна, деструктивна, и е отоворен повик за територијални аспирации кон македонската држава“, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Според него, истовремено изјавата на поглаварот на ИВЗ е кривично дело „загрозување на територијалната целина“.

„Го повикуваме Груевски и Јанкуловска, како и јавниот обвинител да не се кријат и да преземат нешто. Но во секој случај тука сме ние македонските бранители иако сме незадоволни, револтирани и бесни на државното раководство. Ние ја сакаме нашата држава и народ и сме подготвени секогаш да ги браниме“. Воедно им порачуваме на екстремните Албанци да престанат да си иргаат со оган да не се изгорат..“, рече Ангелов.

Поглаварот на ИВЗ кажа дека Албанија ќе има единствена граница и дека ИВЗ со сите свои капацитети е подгтовена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци, бидејќи било неприфатливо Албанците да живеат во пет држави. Англеов се повика и на изјавата на поглаварот Сулејман Реџепи од декември, 2010. година кога тој ја „благослови кантонизацијата на Македонија на три кантони-македонски, албански и мешан“.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски