(ВИДЕО) Ангелов: Дали командант во УЧК треба да биде Министер за одбрана?

Од:

Достоинство покренува граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум. Убедени се дека без сериозен проблем ќе соберат 150 илјади потписи за потоа на референдум мнознинството граѓани да се изјаснат за следните прашања:

  • Дали сте за автентично толкување на Член 1 од Законот за амнестија од 19. јули 2011-та?
  • Дали сте за Собранието на РМ да може да врши избор на граѓанин кој учествувал во воооружените дејствија во 2001. година како припадник на вооружените паравоени и екстремистички групации, за министер за одбрана, внатрешни работи или правда?
  • Дали сте за Собранието на РМ да донесе закон со кој ќе бидат регулирани посебните права на припадниците на вооружените паравоени и екстремистички групации кои учествувале во воооружените дејствија во 2001. година?

„Нашите сограѓанни Албанци кои сакаат да живеат во слога со нас Македонците нека си ги сакаат колку сакаат балистот Џемо Хаса, идеологот на УЧК, Адем Јашари, командантот на УЧК, Рамуш Харадинај или командантот од УЧК Талат Џафери.

– Ако навистина не почитуваат, ако навистина ја сакаат нашата заедничка држава, ако навистина сакаат да живеат во мир со нас, треба да знаат дека експонирањето на овие личности ги иритира мнозинството македонски граѓани и затоа треба да го разберат нашиот гнев и да се воздржат од провокации“, рече Стојанче Ангелов.

Ги повика добронамерните Албанци да ги убедат албанските политички лидери да престанат со непотребните провокации кон останатаите македонски граѓани само заради ситни дневно-политички поени.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски