Преку медиумите и социјалните мрежи, Стојанче Ангелов го информира раководството на МРТ дека ќе направи прес конференција пред зградта на Јавниот сервис за да го изрази незадоволството од игнорантскиот однос кој нивните оилитички активности… Еве што пишува Ангелов:
Македонската Радио Телевизија целосно ги бојкотира политичките активности на “Достоинство“ и воопшто не известува за нив.
Затоа, Ве известуваме дека денес, петок, 17.05.2013 година, во 13.00 часот, пред МРТ ќе одржиме прес-конференција на која ќе го информираме раководството на МРТ дека пред околу еден месец започнавме граѓанска иницијатива на државно ниво за организирање на референдум на државно ниво на кој граѓаните треба да се изјаснат за 4 прашања кои се од суштествено значење за Република Македонија и за сите македонски граѓани.
Сакаме да веруваме дека зад нивниот пасивен однос кон нашите активности нема нечесни политички мотиви, креирани во центарот за комуникација и пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, туку, со оглед на состојбата во која се наоѓа “јавниот сервис на граѓаните“, се работи само за нивна неинформираност. Се надеваме дека во МРТ воопшто не ни знаат за нашата иницијатива па затоа по завршувањето на прес-конференцијата ќе се обидеме во зградата на МРТ да оствариме работна средба со главниот и одговорен уредник на МРТ и лично него да го информираме за нашата иницијатива за референдум но и за останатите наши политички активности.
Затоа јавно, преку меил, преку фејсбук, преку СМС на неговиот личен мобилен телефонски број но и преку неговиот службен телефон, го известуваме и воедно го повикуваме главниот и одговорен уредник на МРТ, во 13.15 часот да биде во својата канцеларија за да оствариме работна средба, бидејки тоа, како прв човек на јавниот сервис кој го плаќаат сите македонски граѓани, е негова должност и обврска.