Ангелов: Ако Латас не собере храброст, МВР да не го крие и да го донесе во суд

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов го повикува Министерството за внатрешни работи да ја изврши наредбата на судот за стражарно приведување на тужениот
Драган Павловиќ Латас.

Ангел0в бара МВР како за сите, така и за Латас да го почитува законот МВР и со тоа да ја исплни законската обврска.

„Поради изречени многу клевети и невистини во текот на предизборитето, поднесов кривична тужба против Латас, но тој нема храброст на суд да се соочи со мене и на различни начини го избегнува доаѓаето на суд“, рече Ангелов.

„На претпоследното рочиште судот даде наредба за стражарно приведување на Латас, но таа наредба МВР не ја изврши“, кажа Ангелов.

Претсдеателот на Достоинство сега повикува да се изврши новата наредба за стражарно приведување и очекува утре во 12 часот кога е закажано рочиштето МВР да го донесе Латас во судот.

„Го повикувам Латас да покаже храброст и да не се крие зад државните институции, а бидејќи на медиумите каде што е главен се топори како да е правдољубив, да дојде овде да се покаже каде што се дели правдата“.

Ангелов посочи дека треба да се прави разлика меѓу новинарството и злоупотребата на медиумите.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски