Алијанса за Албанците за собирот во Струга: Владата треба да запре со двојните стандарди

Од:

Од Алијанса за Албанците реагираат на денешниот религиски собир во Струга за време на пандемијата со коронавирус.

„Додека апелите за почитување на мерките, па дури и казните се засилени, ние јавно ја прашуваме Владата каде беше денес да ја види Струга ?!

За жал Струга денес беше преполна со луѓе, чија толпа не го почитуваше физичкото растојание, стоејќи еден до друг без маски и ракавици! Ова и помага на пандемијата да продолжи со својот пат на ширење на вирусот, додека небрежноста на надлежните помага за пролонгирање на состојбата која најмногу ќе ги чини граѓаните на земјата, од кои веќе многумина ги загубија работните места.

Тоа што се случи денес во Струга, се случува по втор пат во земјава. Бидејќи уште еден верски собир во Православен манастир се одржа за време на велигденскиот празник, како во првиот случај, така и во денешниот случај, сè беше емитувано во живо. Иако владата првиот собир го оправда со образложение дека станува збор само за црковни лица, денес ова оправдание звучи апсурдно затоа што присуствуваа граѓани кои дојдоа едноставно да ја слушаат литургијата.

Потсетуваме дека МВР реагираше многу брзо во Сингилиќ, па дури и инволвираните лица се соочуваат со казни, додека други ги извршуваат своите верски обврски без никакви пречки!

Алијансата за Албанците бара да се применат истите стандарди за сите без разлика! Владата не треба да работи со двојни стандарди.

Нашата држава дојде до врвот на небрежност и лошо управување со ситуацијата! Владата не смее да го занемарува отворањето на бизнисите од кои зависи економијата на земјата, а од друга страна да дозволи разни собири“, пишува во соопштението на Алијанса на Албанците.

Би можело да ве интересира

Села бара разбирање од Хоти за ПЦР тестовите – на Твитер напиша дека ваквата мерка е политички мотивирана

Ана Ололовска

Татеши: Ќе ја вратиме изгубената насмевка

Ана Ололовска

Алијанса за Албанците одржа предизборен собир во гостиварско Форино

Ана Ололовска

Предлог казни од 3.000 до 5.000 евра за пет физички и две правни лица во Струга​

Ана Ололовска

Беџети од Алијанса за Албанците бара печалбарите да можат да дојдат во Македонија без тест за Ковид-19

А1он

Двајца угостители од Струга не ги почитувале мерките за спречување на Ковид-19

А1он