Алијанса за Албанците: Ненадејниот полициски час во Куманово создаде хаос кај граѓаните

Од:

Од Алијанса за Албанците реагираат дека Владата предизвикала хаос во Куманово со ненадејното воведување на полициски час.

„Хаосот создаден попладнево во Куманово, како резултат на овие мерки, ја зголеми загриженоста на граѓаните уште повеќе. Од паниката нема никаков придонес затоа оваа форма на управување со ситуацијата создава контра-ефекти“, пишува во соопштението.

Од партијата велат дека препораките за одржување на социјалната оддалеченост воопшто не се почитувале од напнатоста на граѓаните да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови.

Алијанса за Албанците ги повикува граѓаните да продолжат да ги следат препораките на здравствените власти за социјална дистанца со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

„Во исто време, ги повикуваме државните власти да не создаваат хаос што ќе им наштети на граѓаните“, порачуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски